Струга е во фокусот на мак-ракометот: Стартува 54. традиционален турнир

Денеска и официјално ќе биде означен стартот на новот, 54. издание на традиционалниот Струшки турнир, со што овој езерски град повторно ќе се најде во фокусот на вниманието на домашната јавност.

Стружани по неколкуте години во кои едвај врзуваа крај со крај, летово конечно успеаја да состават солиден буџет и квалитетен тим, па претстојните дуели со екипи од самиот врв на мак-ракометот ќе бидат добра можност за домаќинот да ги тестира сопствените сили во пресрет на новата сезона.

Вардар, Бутел и Прилеп се дел од групата А на овој турнир, додека покрај Охрид и Струга, дел од групата Б е и српскиот претставник Дубочица.

Турнирот ќе стартува во 18.30 часот со пресметката меѓу Вардар и Прилеп, а по свеченото отворање, полни трибини се очекуваат на „езерската пресметка“ меѓу Струга и Охрид, чиј почеток е закажан за 21 часот.

Се вчитува...