Струга го изненади Пролет

Ракометарите на Струга стигнаа до голема победа во плеј-аутот во Суперлигата, откако денеска во 6. коло на домашен терен славеа против лидерот Пролет.

Натпреварот почна тврдо на двете страни. И двата тима многу промашуваа во нападот, па на полувреме гостите имаа предност од 9-10.

Во вториот дел домаќинот изигра за нијанса подобро, што на крајот беше доволно за конечен триумф од 22-20. Лазар Ристиќ со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Андреј Стојановски постигна пет гола.

Се вчитува...