Струга го сака „скалпот“ на Вардар, Борец преку Пелистер до приклучок на врвот

Максимално позитивни игри на домашен терен фудбалерите на Струга Трим Лум посакуваат да ги продолжат и во денешното 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Повеќе од силен мотив носат стружани да се добие „скалпот“ на најтрофејниот македонски клуб. Одлична можност за запишување во клупската историја е и незавидната ситуација во која сезонава е Вардар, кој ниту од далеку не е на нивото од изминатите години. Затоа избраниците на Срѓан Захариевски знаат дека пред себе имаат шанса која сигурно не сакаат да ја пропуштат.

А, шанса за приклучок кон врвот од табелата имаат и фудбалерите на Борец. Одличните изданија посакуваат да ги продолжат и на денешниот натпревар против Пелистер, носејќи ја отворено фаворитската улога за три бода.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА -ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

УТРЕ (13:30 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...