Струга со негатива на полувреме против Лиепаја (ВИДЕО)

Струга Трим и Лум има негатива од 0-1 на полувреме против летонска Лиепаја во реванш натпреварот од 1. коло во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

Гостите беа подобар противник во првото полувреме, а подобрата игра ја материјализираа во 45. минута кога стрелаше Хоган Укпа.

Доколку Струга ТЛ обезбеди пласман во второто коло таа ќе игра со бугарската ЦСКА Софија.

 

 

Се вчитува...