Струга со убедлив пораз од Лиепаја го заврши дебитантскиот настап во Европа (ВИДЕО)

Струга Трим и Лум со убедлив пораз од 1-4 против летонска Лиепаја го заврши деби настапот во Европа во 1. квалификациско коло од новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

Гостите поведоа во финишот на првото полувреме со голот на Укпа во 45. минута. Четири минути на стартот на вториот дел беа доволни за крај на надежите на стружани откако Додо во 47. и 49. минута со два гола зголеми на 0-3 за гостите.

Струга за момент се врати во игра со голот на Скендери во 57. минута, додека конечните 1-4 ги постави Бјарозкин во 62. минута.

Во следното коло Лиепаја ќе игра против бугарската ЦСКА Софија, додека Струга Трим и Лум го заврши својот настап во Европа сезонава.

 

Се вчитува...