Струга Т.Л. се раздели со Флорент Османи

Струга Трим Лум и Флорент Османи ја прекинаа соработката, после три години. Османи стана дел од Струга Т.Л. во јануари 2019 година, и забележа 58 настапи за тимот од Струга.

Струга му посака се најдобро во понатамошната кариера. Тој е второто име кое замина од Струга. Прв си отиде Јасмин Мециновиќ кој замина во Бангладеш.

Тимот засега се засили само со стоперот Дарко Илиески кој дојде од Копер.

 

Се вчитува...