Струга ТЛ без голови против Воска на полувремето, Силекс води со 2-1 против Вардар (ВИДЕО)

Струга ТЛ игра прво полувреме без голови против Воска Спорт во заостанатиот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Главно израмнет натпревар во Струга во кој немаше многу изразити шанси и на двете страни.

Затоа, пак, во Кратово одличен натпревар меѓу Силекс и Вардар во кој по првите 45 минути кратовци имаат предност од 2-1 до која дојдоа со пресврт.

И покрај тоа што Силекс имаше многу повеќе од играта на стартот од мечот со неколку одлични шанси за гол, сепак „вардарци“ први ги шокираа домашните со водство од 0-1.

Но, веќе во 20. минута израмнување на 1-1. Уште една одлична акција на Силекс, која на феноменален начин ја завршува Антонио Каланоски со прекрасен гол со глава од 12 метри.

Силекс дојде до пресврт од 2-1 во 27. минута повторно преку Каланоски.

Пенал беше досуден за Силекс во 26. минута откако Блажевски стартуваше врз Марко Ѓорѓиевски во гостинскиот шеснаесетник, па Каланоски беше изведувач на ударот од белата точка. Но, пеналот на Каланоски, голманот на Вардар, Филип Гачевски, убаво го брани за да на одбиената топка сепак Каланоски успешно реагира за водство од 2-1…


Се вчитува...