Струга ТЛ се врати на врвот на прволигашката табела продолжувајќи ја трката со Вардар откако стружани попладнево лесно и убедливо славеа над Арсими со 4-0.
Домаќините имаа поништен гол со ВАР во раната фаза од мечот, но тоа не ги исфрли од ритам, напротив екс-шампионот продолжи да доминира и до крајот на полувремето успеа да поведе преку Радески. Капитенот Шабани го одбележа второто полувреме со два гола носејќи водство од 3-0, за конечните 4-0 во 88. минута да ги постави Христијан Малески.
Резултатската криза на Работнички уште повеќе се продлабочи по денешниот пораз што „романтичарите“ го претрпеа на гостувањето во Куманово против Башкими. Домашниот тим доминираше од стартот, поведе со 2-0 преку Јахја и Аворнијо, а се што успеа Работнички да стори беше почесниот погодок на Хоџа во 87. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

