Струга ТЛ го промовираше првото засилување – Ментор Мазрекај од Косово

Македонскиот шампион Струга ТЛ го промовираше првото засилување за новата сезона, косовскиот фудбалер Ментор Мазрекај кој доаѓа од албанскиот прволигаш Лачи.

Мазрекај, кој потпиша едногодишен договор со стружани, доаѓа во клубот на инсистирање на шефот на стручниот штаб Шпетим Дуро.

„Овој трансфер дојде по инсистирањето на Шпетим Дуро. Односите кои ги имам со него се добро познати и навистина не можев да го одбијам. Многу сум среќен што ќе бидам дел од екипата на Струга Трим Лум, која испиша историја со шампионската титула“ – изјави Мазрекај, притоа дополнувајќи:

„Се надевам дека брзо ќе се адаптирам и со моето искуство ќе и помогнам на екипата најпрво во европските натпреварувања, а потоа и во одбрана на шампионскиот трофеј во домашното првенство што ќе биде навистина тешко бидејќи сите екипи сега ќе не гледаат поинаку. Сепак ние сме шампиони и како такви верувам дека во новата сезона ќе играме важна улога во Првата лига“.

Мазрекај, кој е роден во Приштина, претходно има настапи и за Приштина, Феризај и Љапи во Косово, како и за Партизани Тирана во Албанија.

Се вчитува...