Струга ТЛ официјално го промовираше Илиески (ФОТО)

Дефанзивецот Дарко Илиески е првото засилување на прволигашот Струга ТЛ во пресрет на пролетната сезона.

Последен клуб на 26-годишниот Илиески е словенечки Копер од каде сега се сели во редовите на струшкиот прволигаш, потпишувајќи едногодишен договор.

Илиески претходно има настапувано и за Скопје, Борец, Победа, Металург, Тиквеш и Борец на домашната сцена како и за ерменски Ширак.

Се вчитува...