Поранешниот првак Струга ТЛ донесе ново засилување во своите редови откако денеска и официјално потпиша договор со Гледи Мици, албанскиот дефанзивец кој пристигнува од редовите на Тирана.
Овој искусен 34-годишен фудбалер е добро познат на нашата фудбалска сцена ако се знае дека во периодот од 2018 до 2020 година ги бранеше боите на Шкендија, по што се пресели во Приштина.
Мици пред крајот на кариерата се реши повторно да заигра во мак-фудбалот, прифаќајќи ја понудата за едногодишен договор со стружани што и официјално беше потпишан во текот на денешниот ден.
Струга ТЛ претходно го ангажираше и италијанскиот голман Марко Анџелети, а за нов тренер на овој клуб беше именуван албанскиот стратег Бледи Шкемби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА