Струга ТЛ против исландски Бреидаблик ќе се бори за групите во Лигата на Конференции

Уште пред да избори место во плеј-офот во Лигата на Конференции, беше познат противникот на Струга ТЛ во финалната фаза прес пласманот во групите. Тоа е исландски Бреидаблик, кој испадна од Лигата на Европа по поразот од Зрински Мостар со вкупни 6-3.

Бреидаблик го загуби двомечот уште по дуелот во Мостар, кога загуби со неверојатни 6-2 (губеше и со 6-0), па така се сели во Лигата на Конференции каде ќе се сретне со Струга ТЛ.

Според ждрепката, Струга ТЛ треба да биде домаќин на првиот меч, на 24. август во Струмица. Реваншот ќе биде за седум дена во Рејкјавик во Исланд. Подобриот од овој двомеч ќе се пласира во групната фаза во Лигата на Конференции.

Досега само еден македонски тим избори место во групите. Скопски Вардар во 2017 година се пласираше во Лигата на Европа, откако во плеј-офот го елиминираше големиот Фенербахче.

Се вчитува...