Струга ТЛ се изнапромашува, без голови на полувремето со Вардар

Струга ТЛ и Вардар одиграа полувреме без голови во заостанатиот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините може да жалат што немаат предност по првите 45 минути ако се знае дека имаа најмалку четири 100% шанси за погодок, кои не ги реализираа Ибраими, Мазрекај и Радески.

Голманот на „вардарци“ Филип Гачевски одлично го брани вардаровиот гол, за разлика од одбраната кои демонстрираше многу слабости во првото полувреме.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...