Струга ТЛ се раздели со Пере и со Пенгу

Струга Трим Лум информира дека ја заврши соработката со двајца свои досегашни фудбалери, Миклован Пере и Арби Пенгу.

И двајцата се со завршени договор по што одлучено е да не се продолжува со соработката.

„Пере дојде во нашиот тим во јуни 2021 година од Динамо Тирана. Минатата сезона Пере настапи на 23 натпревари, додека исто толку натпревари одигра и во првата сезона, 2021/2022. Пенгу, пак, дојде во нашиот тим во септември 2022 година од КФ Поградец. 20-годишниот Пенгу оваа сезона забележа два настапи (против Академија Пандев 3-1 и Брегалница 3-0), со што стана дел од историјата на клубот кој ја освои првата шампионска титула. Струга Трим Лум сака да ја искористи оваа прилика да им се заблагодари на двајцата за придонесот со „црвено-белиот“ дрес, а истовремено да им посака многу успеси во понатамошната кариера“ – се вели во соопштението од Струга ТЛ.

Се вчитува...