Македонскиот фудбалски прволигаш, Струга Трим Лум се раздели со Никола Влајковиќ откако му истече договорот.
По завршувањето на договорот, истиот не беше продолжен, а Влајковиќ сега е слободен играч.
„Целиот персонал на Струга Трим Лум му се заблагодарува за неговиот придонес во дресот на тимот, посакувајќи му многу успеси во неговата фудбалска кариера.
Влајковиќ се приклучи на Струга Трим Лум во јануари 2024 година од Раднички Ниш. Ова беше неговата прва авантура со нашиот тим надвор од неговиот роден град, каде што најверојатно ќе се врати да игра“, стои во соопштението на Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА