Струга ТЛ се засили со Албанецот Делиај од Фљамуртари

Прволигашот Струга Трим Лум го промовираше првото засилување за пролетниот дел од сезоната, албанскиот дефанзивец Фјоралб Делиај.

22-годишниот Делиај, кој игра на десната бековска позиција, доаѓа од албанскиот прволигаш Фљамуртари. Претходно настапувал и за ФК Тирана од чија фудбалска школа потекнува.

Од Струга ТЛ најавуваат засилување и со уште најмалку две квалитетни имиња, еден офанзивец и еден фудбалер за врска.

Се вчитува...