Струга ТЛ се засилува со словенечкиот репрезентативец Колобариќ!

Македонскиот шампион Струга ТЛ за настапи во квалификациите од Лигата на шампионите ова лето се засилува со словенечкиот напаѓач Дарио Колобариќ, дознава ЕКИПА.

Веќе се финализирани преговорите меѓу двете страни, па се очекува наредниве денови и официјално да биде промовиран во дресот на стружани.

23-годишниот Колобариќ, кој игра на офанзивните позиции, до минатата година беше стандарден член и на младата репрезентација на Словенија. Доаѓа во Македонија од редовите на Горица каде изминатава полусезона настапи на осум натпревари и постигна два гола. Претходно во својата кариера има настапи и за словенечките Домжале и Копер, а во сезоната 2021/22 настапуваше и за белорускиот Шахтјор Солигорск. Во 2016 година бил дел и од младинската академија на австрискиот Ред Бул Салцбург.

 

Се вчитува...