Струга ТЛ има минимална предност од 1-2 на полувремето на гостувањето против Вардар во Скопје во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига, иако имаше водство и од 0-2 по само осум минути игра.
Со предност на полувремето е и АП Брера против Брегалница од 0-1, како и Тиквеш кој води со 0-1 на гостувањето против Воска Спорт во Охрид.
Стрелец на голот за водство на Струга ТЛ од 0-1 против Вардар беше Згуро од пенал уште во 3. минута од натпреварот…, кој е прв гол на денешните натпревари од колото во елитниот шампионат.
Веќе во 8. минута Таири стрелаше и за 0-2 за актуелниот македонски шампион…
Но, Вардар успеа да се врати во игра на мечот откако Милосавиќ во 31. минута со гол од пенал успеа да ја намали предноста на гостите.
Фудбалерите на Тиквеш водат со 0-1 на полувремето на гостувањето против Воска Спорт во Охрид. Голот за предност на кавадарчани на натпреварот кој се игра по дождливо време во Охрид го донесе Иван Ивановски во 27. минута откако без поголеми проблеми лесно стрелаше од непосредна близина во мрежата на домашните…
АП Брера во Струмица пред самиот крај на првиот дел дојде до водство од 1-0 против Брегалница. Стрелец на голот беше Матеј Цветаноски во 44. минута.
На останатите три натпревари нема погодоци по првите 45 минути игра.
ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: ГОСТИВАР – ШКУПИ 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 0-0
Струмица: АП БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Цветаноски 44′
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-2
Милосавиќ 28′ (п) – Згуро 3′ (п), Таири 8′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-1
Ивановски 27′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА