Фудбалерите на Струга ТЛ на неверојатен начин, со два гола за пресврт во само една минута, дојде до победа од 2-1 против Шкендија во дербито на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По релативно мирното прво полувреме во кое немаше голови, сите случувања на дербито во повеќе од возбдуливото второ полувреме.
Тетовци до предност дојдоа со голот од пенал на Красниќи во 54. минута кој прецизно шутираше од белата точка.
Но, во 62. минута следеше непромислениот потег на Чинари кој наивно заработи втор жолт картон и исклучување кај Шкендија.
Сето тоа го искористија домашните кои за само една минута во 74. и во 75. минута со два гола, најпрво на Компаоре а потоа и на Марјан Радески, дојдоа до неверојатен пресврт за конечна победа од 2-1.
ПМФЛ – 13. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 2-0
Воша 25′, Кука 74′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 2-1
Компаоре 74′, Радески 75′ – Красниќи 54′(п)
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3
Велкоски 50′, Калпачки 54′ – Мишевски 23′, Стојков 26′, Алији 44′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
Деспотовски 54′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
Спахиу 38′, Ивановски 90’+1 – Абдула 12′, Атиемвен 34′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – АП БРЕРА 1-1
Јашароски 61′ – Галевски 65′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА