Струга ТЛ во Струмица на 24. август ќе игра против Бреидаблик во плејофот од Конференциската лига

И покрај првичните наведувања дека својот домашен натпревар од плејоф-рундата во Конференциската лига на УЕФА, екипата на Струга ТЛ, ќе го игра во Елбасан во Албанија, сепак такво нешто нема да се случи.

Согласно правилата на УЕФА, стружани натпреварот ќе го играат во Македонија, и тоа на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица кој има соодветна европска лиценца за натпревари од оваа фаза.

Првиот меч Струга ТЛ против исландски Бреидаблик ќе го играат на домашен терен на 24. август во Струмица, додека една недела подоцна ќе се игра на теренот на противникот.

Како што е познато, поради реновирање на теренот на арената „Тодор Проески“ стружани не може домашниот дуел да го играат во Скопје.

Се вчитува...