Струга Трим Лум со пораз од Влазнија стартуваше со „контролките“

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум стартуваше со пријателски натпревари и доживеа неуспех на првата контрола. Стружани загубија со 0-2 од албанскиот тим Влазнија од Скадар.

Тренерот Јетон Беќири им даде шанса на сите 24 фудбалери, ја подели минутажата, а во прв план се уште не се резултатите. Струга Трим Лум продолжува со тестовите на 18 јануари, а противник ќе биде албанскиот тим Кораби од Пешкопеја.

Се вчитува...