Струга Трим Лум замина на подготовки во Анталија

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум замина за турскиот туристички центар Анталија каде ќе ја реализира втората фаза од зимските подготовки. Стружани таму ќе одиграат четири пријателски натпревари.

Пред заминувањето, тимот на Јетон Беќири имаше два теста и во Македонија. Загуби од албанскиот тим Влазнија Скадар со 0-2, а славеше убедлив триумф над Кораби Пешкопеја со 4-0.

Се вчитува...