Струга триумфално од Куманово

Ракометарите на Струга продолжуваат со победите во битката за останување во Суперлигата, откако денеска победија на гостувањето во Куманово со 28-25.

Клучно беше првото полувреме, кое стружани го добија со четири разлика, а потоа во вториот успеаја да ја задржат предноста, за петта победа по ред, откако претходно ги совлада Вардар Неготино, Радовиш, Јуниор КВ и Скопје.

Најефикасен на средбата беше Петар Маркоски кој постигна неверојатни 12 голови.

Се вчитува...