Струмичкото дерби за историја: Прв прволигашки меч на спортскиот центар „Пандев“

Струмичката дерби пресметка меѓу Академија Пандев и Беласица денеска од 13:30 часот во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе одбележи и еден момент за историја.

Спортскиот центар „Пандев“, базата на Академија Пандев, првпат ќе почувствува официјален прволигашки натпревар. По комплетирањето на современите службени простории, ФФМ даде дозвола за прволигашки натпревар на стадионот во рамките на комплексот.

Академија Пандев досегашните свои натпревари ги играше на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица или во Турново, како алтернативен терен. Од денеска па за во иднина со можност за натпревари и во својот спортски центар.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА -ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

УТРЕ (13:30 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...