Манчестер Сити се пофали со потпис на Ајуб Буади, вториот трансфер од над 100 милиони евра што „граѓаните“ го комплетираа летово по оној на Елиот Андерсон од редовите на Нотингем Форест.
Преговорите со Лил траеја долго, за на крај да биде договорено Сити да плати 104 милиони евра за 18-годишниот Мароканец, плус дополнителни 5,5 милиони евра поврзани со неколку клаузули.
Мароканскиот репрезентативец настапуваше за својата селекција на СП 2026, каде со квалитетните игри дополнително си ја зголеми својата вредност на пазарот. Сепак, останува дилемата дали и колку тинејџерот е подготвен да диригира со средниот ред на гигант како Сити, ако се знае дека е доведен како замена за Родри, актуелниот МВП на последниот мундијал.
„Ова е специјален ден за мене и за моето сеемејство. Манчестер Сити е најдобриот клуб во светот и за мене е остварување на сонот што можам да кажам дека сум играч на Сити. Огромен дел од животот посветив на тоа да станам најдобар фудбалер што можам, за да стигнам до врвот. Со години го гледав Сити на ТВ, многу ми се допаѓа стилот на игра, станува збор за клуб со победнички менталитет во кој верувам дека без поголеми проблеми ќе се адаптирам“, истакна Буади по потписот на договорот со „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
