Стружани без Нигериецот Укпа на утрешниот меч во Луксембург: Германците не му дадоа виза!

Експедицијата на македонскиот шампион Струга ТЛ синоќа пристигна во Луксембург каде утре од 20 часот ја очекува реванш натпреварот од 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против Есперанж.

Но, стружани во Луксембург пристигнаа без еден од најстандардните во составот на Шпетим Дуро, нигерискиот фудбалери Хоган Укпа кој не доби виза од германските власти.

Укпа остана во Скопје и чека позитивен одговор од германската држава, доколку се создаде можност дополнително да патува во Луксембург иако мали се шансите за такво нешто.

Струга ТЛ има предност од 3-1 против шампионот на Луксембург, Есперанж, од првиот натпревар во Скопје, па е на добар пат да испише за себе историја со пласманот во плејоф колото за влез во групите од Конференциската лига.

Се вчитува...