Стружани максимално активно од стартот во Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на Струга ТЛ максимално активно ги почнаа тренинзите во Анталија, реализирајќи ја главната фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Според планот на шефот на стручниот штаб Јетон Беќири, стружани во Анталија ќе одиграат и четири пријателски натпревари.

Пред заминувањето за Турција, имаа и два теста во Македонија. Загубија од албанскиот тим Влазнија Скадар со 0-2, а славеа убедлив триумф над Кораби Пешкопеја со 4-0.

Се вчитува...