Стружани одолеаја во Ѓорче Петров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Струга Трим Лум одамна веќе нема комплекс дека е нов прволигаш и ја игра дебитанската сезона во елитната конкуренција. На домашен терен го освои скалпот и на Вардар и на Шкендија, а бескомпромисно се претставува и на гостувањата. Флорент Османи уште во првата минута ја начна мрежата на Марко Јовановски, а иако Македонија ЃП брзо возврати преку Ален Јашароски, сепак, гостите останаа непоразени.

 

Се вчитува...