Стружани почнаа максимално активно: Промовирани Ѓуриќ и Рамадани

Новиот македонски прволигаш Струга Трим Лум од прв ден максимално активно ги почна подготовките за дебитантската своја сезона во елитното друштво. Но, максимално активно и што се однесува до засилувањата во своите редови.

По вчерашната промоција на офанзивецот Христијан Кировски, денеска официјално промовирани и досегашниот голман на Ренова, Урош Ѓуриќ како и офанзивецот Емран Рамадани.

Според најавите, нови фудбалери на Струга ТЛ треба да бидат и искусниот Артим Положани, како и уште еден досегашен голман на Ренова, Матеа Кобетиќ.

Се вчитува...