Стружани револтирани од судењето во Битола: Три судиски грешки кои „украдоа“ победа (ВИДЕО)

Струга Трим Лум пропушти победа на гостувањето против Пелистер во Битола по грешката во одбраната буквално во последните секунди од натпреварот, иако гостите беа подобар противник на теренот заслужувајќи триумф.

Но, стружани се жалат и на делењето на правдата на натпреварот од страна на главниот судија Константин Влахо, кој во три наврати го оштетил клубот.

    1. Ситуација кога Нијаз Лена постигнува погодок, но неочекувано е поништен поради наводен прекршок во напад, кој реално не постои…

2. Очигледен прекршок во шеснаесетникот на гостите за пенал. Но, Влахо досудува само слободен удар надвор од шеснаесетникот…

3. Гол во последните секунди од натпреварот за победа од 2-1. Поништен е поради наводен офсајд. Играчот по интервенцијата на голманот ја допира топката со рака, но во тој случај има очигледен пенал врз фудбалерот на Струга ТЛ.

Се вчитува...