Стружани со тренинзи на езеро до 21.јануари, а потоа одат во Анталија

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум денеска и официјално ги почна зимските подготовки во пресрет на вториот дел од шампионатот. Стружани ќе работат на крајбрежјето до 21. јануари, а потоа ќе заминат на подготовки во Анталија.

Засега Христијан Драгарски е единствениот фудбалер кој ги напушти редовите на Струга Трим Лум, а раководството на клубот преговара со неколку фудбалери кои треба да го засилат составот на Јетон Беќири.

Се вчитува...