Суад Сахити: Не е непобедлив Динамо Минск

Работнички денеска (18 часот) го игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на Европа, пречекувајќи го белорускиот тим Динамо Минск на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. За „романтичарите“ ова ќе биде многу потешко задача од претходните дуели со Тре Пене, но крилниот играч Суад Сахити се надева дека неговиот тим може да стигне до позитивен резултат пред реваншот во Белорусија.

„Ова секако е многу поголем предизвик за нас. Динамо Минск е квалитетен тим, но не е и непобедлив. Ќе го дадеме својот максимум за да оствариме позитивен резултат пред реваншот. Секако, најубав епилог би бил триумф без примен гол. Подготвени сме, и свесни дека не очекуваат навистина тешки дуели, посебно што и временските услови во моментот се исцрпувачки за фудбал. Но, ние ќе дадеме се од себе“, вели Суад Сахити, кој беше стрелец на погодок на мечот против Тре Пене во Скопје.

„Сега ќе биде многу понеизвесно, можеби само еден погодок ќе го реши целиот двомеч“, дополнува играчот на Работнички.

Се вчитува...