Суарез: Барселона? Жал ми е што пријателите ми се во неволја

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез уште еднаш говореше за неочекуваното напуштање на Барселона минатото лето нагласувајќи дека му е жал бидејќи пријателите му се во неволја.

„Дали мислам дека и недостигам на Барселона? Не, тие имаат свој тактички план, кажете го тоа како сакате. Морав да прифатам дека веќе не сум им потребен. Секој може да донесе свој заклучок. Жал ми е што моите пријатели во моментов се во неволја. Само бев тажен и навреден со начинот на кој морав да ја напуштам Барселона. Но, горд сум на тоа што сум, кога видов дека веќе не сум потребен, најдов место каде што ќе ме почитуваат“, изјави Суарез. 

 

Се вчитува...