Суарез: Бартоме и Куман ме натераа да си заминам од Барса

Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, кој сега ги брани боите на Атлетико Мадрид, изјави дека некогашниот прв човек на Каталонците и тренерот, Роналд Куман, го третирале како мало дете.

Уругваецот воедно проценува дека легендарниот играч на Барселона, Чави, не треба да се врати на „Kамп Ноу“ во улога на тренер бидејќи целата ситуација е крајно компликувана.

„За моето заминување еднаква одговорност имаат поранешниот претседател Бартомеу и Куман кој со мене се однесуваше како да имам 15 години. Што се однесува до актуелната ситуација, војната меѓу Лапорта и Куман влијае во соблекувалната. Во една ваква тензична атмосфера не би му советувал на Чави да дојде во Каталонија“, потенцираше Луис.

Се вчитува...