Суарез даде гол против Барса па го „пецна“ Куман

Дербито на осмото коло во Ла Лига помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона им припадна на „јорганџиите“ кои славеа со 2-0. Томас Лемар го одведе својот тим во водство во 23. минута, а судбината на каталонците ја запечати поранешниот играч Луис Суарез во 44. минута од мечот.

За Уругваецот ова воедно беше и прв гол во третиот настап против својот поранешен клуб чиј дел беше од 2014 до 2020 година кога на клупата на Барселона седна Роналд Куман. По постигнување на истиот не успеа да не го „пецне“ холанѓанскиот стратег кој телефонски му известил дека повеќе не смета на неговите услуги.

Па така при прославата на голот, Суарез се сврте кон свечената ложа од каде Куман го следеше натпреварот поради црвен картон и со раката направи телефонска слушалка и му даде дознаење на Холанѓанецот дека сеуште се сеќава на телефонскиот разговор.

Се вчитува...