Суарез: Џерард ме спречи да преминам во Арсенал

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез откри дека своевремно бил на чекор до преминување од Ливерпул во Арсенал, но дека капитенот Стивен Џерард го спречил во таа намера. Суарез бил незадоволен на „Енфилд“ и сакал да премине во редовите на големиот ривал, но Џерард успеал да го предомисли.

„Се пласиравме во Лигата на Европа, но сезоната се заврши на лош начин. Бев блиску до преминување во Арсенал, сакав да го направам тоа, но тогаш Стивен ми рече: Ти ветувам ако останеш оваа сезона, следната ќе можеш да бираш помеѓу Баерн, Барселона, Реал или кај и да сакаш да одиш. Остани овде, нема да ти биде подобро во Арсенал. По овој разговор му реков на мојот агент дека сакам да останам. Џерард успеа да ме наговори. Тоа беа зборови на вистински капитен“, беше искрен Суарез. 

Уругваецот во три и пол години како член на Ливерпул одигра 110 натпревари на кои постигна 69 гола, а со „црвените“ беше на чекор до освојување на титулата во Премиер лигата во сезоната 2013/14.

Се вчитува...