Лионел Меси ја нападна вчера Барселона поради начинот на кој се ослободи од Луис Суарез. Уругваецот сакал да остане во клубот, но го шокирал разговорот со Роналд Куман кој му кажал дека не смета на него.
Но, да биде „циркусот“ поголем, Барселона не сакала да го пушти во редовите на лутиот ривал Атлетико Мадрид. Сепак, откако Суарез се закани дека ќе ги објави јавно мејловите кои Барселона му ги испраќала, каталонскиот тим мораше да попушти.
„Заслуживте отказ поради се што претставувате. Луис е еден од најголемите играчи во историјата на клубот кој оставил силен траг, и не заслужи отказ на ваков начин. Сепак, вистина е дека во Барселона повеќе ништо не ме изненадува. Луис, неизмерно тешко ќе биде да не те гледам во соблекувалната. Многу ќе ни недостасуваш, многу заедно поминавме. Ќе биде чудно да те гледам во друг дрес, уште потешко да се соочам со тебе на спротивната страна. Заслужи збогување какво што наликува на легенда на клубот. Ти посакувам се најдобро во новиот предизвик. Се гледаме наскоро пријателу“ – напиша Меси.
А, не се чекаше долго и на одговорот на Луис Суарез…
„Ти благодарам многу пријателу и на овие зборови но и на се што си ти, и што беше со мене и моето семејство од првиот ден. Секогаш ќе ти бидам благодарен како човек, духовит и сентиментален, затоа што сите те знаат само како фудбалер. Никогаш немој да го заборавиш тоа што ти го кажав, а тоа е да продолжиш да уживаш и да им докажеш на сите дека си број еден. И немој да дозволиш, на овие само голи бројки два, три или четири (луѓе во клубот), да те спречуваат во тоа. Многу те сакам, и уште повеќе ќе ми недостасуваш“ – напиша Луис Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА