Суарез го напушта Атлетико, следна станица Интер?

Луис Суарез речиси сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од оваа сезона. Одличниот Уругваец, кој минатата година беше еден од најзаслужните за титулата на Мадрид, не сака да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2022 година. Решил да биде слободен агент и да бара нова средина.

Според „Марка“, за неговите услуги е заинтересиран Интер, актуелниот шампион на Италија. „Нероазурите“ сакаат да донесат две нови засилувања, а први на листата на интереси се Скамака од Сасуоло и Луис Суарез.

Суарез пристигна во Атлетико летото 2020 година, кога Барселона реши да не го продолжи неговиот договор. За Мадрид одигра 73 натпревари и постигна 32 гола.

Се вчитува...