Суарез и Караско доволни за победа на Атлетико над Селта (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид во свој стил стигна до нова победа од 0-2, овој пат на гостувањето кај Селта Виго во 5. коло од шпанската Ла лига.

Луис Суарез со својот трет гол сезонава донесе водство од 0-1, уште во шестата минута од мечот. Во продолжението на дуелот, особено во првиот дел домаќините беа подобар противник, но не успеаја да ги искористат своите шанси, а Атлетико тоа го казни преку Караско во 95. минута кога ги постави конечните 0-2.

„Душекчиите“ со победата се искачија на четвртото место на првенствената табела со 8 освоени бода, додека Селта е тринаесетта со 5 бода.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...