Суарез: Не постапија човечки со мене по инцидентот со Киелини

Луис Суарез е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, но Уругваецот ќе остане запаметен и по својата „пргавост“ поради која на неколку пати во кариерата беше суспендиран. На Светското првенство во Бразил тој го гризна Киелини за рамото, поради што доби суспензија од четири натпревари.

Истото лето Суарез потпиша за Барселона, а поради инцидентот со Киелини не беше претставен на „Камп ноу“ ситуација поради која се уште жали.

„Кон мене не постапија човечки. Нехумано се однесува во тој период. Преминав во Барселона, а поради инцидентот не ни бев претставен на „Камп ноу“, изјави Суарез.

Се вчитува...