Суарез: Оставете го Меси на мир, човекот има 33 години и знае што прави

По репрезентативната пауза Атлетико Мадрид го очекува дербито со Барселона и натпревар кој сигурно ќе биде емотивен за Луис Суарез кој оваа сезона токму од каталонскиот тим се пресели во Мадрид.

Ќе го слави ли Суарез евентуалниот погодок против Барселона?

„Секако не. Имам премногу почит кон Барселона и се што тој клуб ми даде, а таму и натаму имам голем број пријатели. Но, тоа секако нема да ме спречи да загинам на теренот за Атлетико и така ќе биде“ – вели Суарез кој ќе игра против својот голем пријател Лионел Меси.

„Се слушаме редовно, но повеќе не зборуваме за фудбалот но најмногу за овие чудни времиња во кои живееме. Еден на друг многу си помагаме на психолошки план“ – вели Суарез кој не сака да ја коментира формата во која оваа сезона игра Меси, а која не е на завидно ниво.

„Оставете го човекот на мир. Има 33 години и сигурно знае што прави. Јас во него гледам еднаква глад како и минатите сезони. Би сакал еден ден да дојде во Атлетико. Но, тоа е само моја желба, а тој ќе одлучи што е најдобро за него“.

Се вчитува...