Суарез руши рекорди: Уругваецот успеа да постигне гол во секоја минута од досегашните натпревари во кариерата

Луис Суарез не престанува да руши рекорди, а овој пат Уругваецот влезе во друштвото на фудбалери кои успеале да постигнат гол во секоја минута од официјалните настапи во кариерата. На мечот од 6-то коло на шпанската Ла Лига, напаѓачот на Атлетико, му донесе победа на тимот од Мадрид од 2-1 постигнувајќи два гола.

Уругваецот со овие голови запиша нов статистички рекорд во својата богата кариера. Според „Ел Паис“, Луис Суарез успеа да постигне гол во секоја минута од досегашните натпревари во кариерата. 78. минута од играта беше единствената во која Уругваецот претходно не успеал да постигне гол, но еве и тоа се случи. Така сега Луис има постигнато голови од 1-та до 90+7 минути од натпреварите.

Инетересен е податокот дека вакво достигнување во карирата досега имаа само, Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ. Инаку, Луис Суарез досега има одиграно 661 натпревар во сите клубови и натпреварувања во текот на неговата кариера, постигна 427 гола и има реализирано 238 асистенции.

Се вчитува...