Суарез со закани се ослободил од Барселона за да оди во Атлетико Мадрид

Бесниот Луис Суарез морал да се закани дека ќе ги објави меѓусебните мејл преписки со клубот пред Барселона да се согласи да го пушти во Атлетико Мадрид. Уругваецот го офцијализираше трансферот вреден 5,5 милиони футни, но за тоа да се случи морал да се заканува дека ќе ги објави преписките со Барслеона во кои клубот ги именувал конкрентите екипи каде тој  не смеел да оди без обештетување.

Суарез сакал да покаже дека Атлетико Мадрид воопшто не бил меѓу тие клубови. За Суарез завршува шестогодишниот престој во Барселона за која има 198 гола на 283 настапи. Клубот на 24. август официјално го информираше дека не е во плановите на новиот тренер, Роналд Куман за претстојната сезона. Договрот со Атлетико Мадрид му е на две години.

 

Се вчитува...