Суарез спаси бод за Барселона против Бетис

Барселона не успеа да ја продолжи серијата добри игри и резултати во Примера дивизион откако ремизираше 1-1 на гостувањето против Бетис. Каталонците имаат право да бидат незадоволни од аритражата поради непризнаениот гол кога топката очигледно ја мина гол-линијата, но останува фактот дека на овој меч одиграа далеку под своите можности и со многу среќа дојдоа и до бод, со голот на Луис Суарез во 90. минута.

Бетис со пресинг игра на противничката половина целосно го неутрализираше каталонскиот гигант, домаќините ги имаа најубавите шанси на средбата, па преку Алегриа во 74. минута стигнаа и до водство. Барса дури по примениот гол се разбуди, заигра во својот препознатлив ритам, но избраниците на Луис Енрике (кој повторно имаше неуспешни експерименти во составот) едвај стигнаа до бод.

Alex Alegria Goal HD Real Betis 1-0 Barcelona… by eurofoot2

Luis Suárez Goal HD – Real Betis 1-1 Barcelona… by Live1Goals

Се вчитува...