Фудбалската репрезентација на Перу е последниот полуфиналист на Копа Америка, откако по изведување пенали (5-4) го елиминира Уругвај. Првата ѕвезда на Уругвајците, Луис Суарез, не беше успешен при изведувањето на пеналите и стана трагичар во полуфиналето на кое немаше голови по 120 минути.
Перуанците беа максимално прецизни од белата точка и во полуфиналната пресметка ќе ги одмерат силите со селекцијата на Чиле. Во текот на играта, Уругвај двапати ја тресеше мрежата на противникот, но головите не беа признати поради офсајд позиција.
Во второто полуфинале на Копа Америка ќе се сретнат Бразил и Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА