Суарез за 20. минути приреди шоу – Атлетико си поигра со Гранада (ВИДЕО)

Луис Суарез покажа дека ќе биде неверојатно големо засилување за Атлетико Мадрид во новата сезона. Уругваецот за само 20 минути во игра постигна два гола и запиша една асистенција во големата победа на Атлеитко Мадрид над Гранада од 6-1.

Домаќините поведоа со голот на Диего Коста во 9. минута. До крајот на првиот дел за издвојување е промашениот пенал на Саул Нигуез во 16. минута. На стартот на второто полувреме домашниот тим брзо ја удвои предноста, откако Анхел Кореа во 47. минута зголеми на 2-0. Жоао Феликс со гол во 65. минута ги донесе водство од 3-0. На 4-0 зголеми Маркос Лјоренте во 73. минута, на асистенција на Луис Суарез кој во игра влезе само три минути порано. До крајот Суарез два пати се запиша во листата на стрелците во 86. минута и 94. минута, додека единствениот гол за гостите го постигна Молина.

За „душекџиите“ ова беше прв меч сезонава поради дополнителната пауза која ја добија за настапите во европските купови. Гранада го забележа првиот пораз и засега останува второпласирана со шест освоени бода на три меча.

 

<

Standings provided by SofaScore LiveScore

/div>

Се вчитува...