Судбината на Манчестер Сити ќе биде позната на 13. јули

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити конечната пресуда околу исфрлувањето на клубот од европските натпреварувања ќе ја дознае на 13. јули. Европската фудбалска федерација (УЕФА) во февруари ги казни „граѓаните“ со забрана за настап во европските натпреварувања во следните две сезони поради кршење на финансискиот фер-плеј, а покрај исфрлувањето казнети се и со 30 милиони евра.

Очекувано, раководството на Сити веднаш упати жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. Тридневното сослушување беше извршено минатиот месец, а конечната одлука околу судбината на клубот од Манчестер ќе биде донесена за 12 дена.

Доколку се случи Манчестер Сити да биде исфрлен од европските натпреварувања, тоа значи дека и петтопласираната екипа на првенствената табела во Англија ќе добие шанса за настап во ЛШ следната сезона, бидејќи „граѓаните“ во моментов се наоѓаат на второто место.

Се вчитува...