Судбината во рацете на шампионот: Атлетико ја доби улогата на фаворит против Барса, за Куман дојде „Денот Д“

Во средата, осамна веста дека Министерството за здравство во Шпанија даде „зелено светло“ за целосен капацитет на стадионите во Примера од овој викенд. По оваа вест, Атлетико ги пушти во продажба сите билети, а за многу кратко време, речиси се’ беше распродадено.

Без сомнение, вечерва во Мадрид се очекува вистински спектакл, а тимот на Симеоне ја доби улогата на фаворит во пресрет на овој двобој. „Црвено-белите“ имаат голема шанса да го дотолчат ранетиот лав, како и хаотичноста која владее во тимот на Куман, кој оваа сезона запиша историски слаби резултати.

Атлетикот Мадрид во овој дуел влегува со голема мотивација и самодоверба, успевајќи претходно да дојде до голема победа над Милан во Италија во Лигата на шампионите, додека Барса доаѓа во Мадрид по тешкиот пораз од Бенфика (3-0).

„Метрополитано“ се очекува вечерва да биде исполнет во целост, а тоа значи дека 67.000 фанови по година и пол, конечно на сиот глас ќе ја дадат поддршката на своите миленици, а воедно и ќе ја прослават победата над светската пандемија и ќе ја слават љубовта кон фудбалската магија. Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона е закажан за вечерва од 21 часот.

Се вчитува...