Судиите го турнаа Челси кон победа во Велс

Челси со многу среќа и судиска помош успеа да освои три бода на гостувањето против Кардиф, славејќи со 1-2 против еден од најслабите тимови во Лигата. Маурицио Сари донесе одлука да ги остави на клупата Еден Азар и Нголо Канте, па следеше катастрофално прво полувреме на својот тим што заврши без голови против еден од најслабите екипи во лигата.

Кардиф дури и поведе со прекрасен погодок на почетокот од второто полувреме, но Челси имаше многу среќа на патот до големиот пресврт. Најпрвин не беше досуден чист пенал за домашниот состав, а потоа Челси израмни со голот на Азпиликуета, иако капитенот на „сините“ беше неколку метри во офсајд кога топката беше упатена кон него.

Неколку минути пред крајот судијата немаше храброст да го исклучи Рудигер, за во 90. минута гостите од Лондон да стигнат до трите бода благодарение на голот со глава на Лофтус Чик.

Се вчитува...