Судиите му се извинија на Леброн Џејмс

Синдикатот на НБА судиите им се извини на Лос Анџелес лејкерс и Леброн Џејмс за погрешната одлука која директно влијаеше на поразот на тимот од Лос Анџелес во Бостон.

На неколку секунди до крајот при резултат 105-105 не беше досуден очигледен фаул на Џејсон Тејтум врз Леброн Џејмс кој отиде на положување. Натпреварот заамина во продолжение во кое славеа Селтикс.

„Како и сите луѓе, така и судиите грешат. Една од нив се случи на натпреварот Лејкерс-Селтикс и сите сме виновни за тоа. Поради ова ќе има многу непроспиени ноќи, а во иднина ќе се потрудиме да бидеме што е можно подобри и да не се повторат вакви работи“, се вели во соопштението.

Се огласи и НБА и истакна дека одлуката да не се досуди фаул е погрешна.

Се вчитува...